Во 2009 година, Светската здравствена организација, Регионална канцеларија за Европа започна со спроведување на активности со цел заштита на здравјето од климатските промени во 7 земји во СЗО Европскиот регион(Албанија, Казахстан, Киргистан, Руската Федерација, Таџикистан, Р.Македонија и Узбекистан), кои припаѓаат на четири различни геоклиматски зони, со меѓусебни разлики во однос на очекуваните влијанија по здравјето од климатските промени... Повеќе »

КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН

Toplotni_branovi_flaeri_za_rakovoditeli_na_ustanovi_mk.pdf

 

Препораки за раководителите на пензионерски домови, центрите за долготрајна институционална грижа и здравствените установи

  • 1. Да се почитуваат препораките за однесување при топло време дадени во едукативните материјали за општата популација. Установите (објектите) да се одржуваат студени, а лицата во истите да бидат заштитени од топлина, да останат во ладно и да внесуваат доволна количина на течности.

  • 2. Следете ја внатрешната температура на Вашиот објект. Обезбедете барем една студена соба(на пр. соба со клима уред и температура пониска од 25 степени целзиусови). Овозможете пациентите (станарите) да поминуваат во студените делови(обласи, простории) по неколку часа дневно.

  • 3. Прашајте го општиот лекар да направи ревизија на клиничкото водење особено на оние лица кои се ризични, како на пример оние со хронични заболувања.

  • 4. Следете го внесувањето на течности, нудете(служете) безалкохолни и незасладени пијалоци.

  • 5. Следете ја телесната температура, пулсот, крвниот притисок и хидратацијата.

  • 6. Внимателно внимавајте на рани знаци на топлотни болести и започнете соодветен третман.

  • 7. Информирајте го и обучете го персоналот. По потреба зголемете го нивниот број.

Препораки за заштите од топлотни бранови

Да го заштитиме здравјето на вработените во услови на топлотен бран

Повеќе »

КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН

Препораки за матичните лекари

Повеќе »

Општи препораки за заштита од топлотниот бран. Препораки од Министерството за Здравство,Светската здравствена организација,Црвениот крст на Република Македонија.

Повеќе »