Во 2009 година, Светската здравствена организација, Регионална канцеларија за Европа започна со спроведување на активности со цел заштита на здравјето од климатските промени во 7 земји во СЗО Европскиот регион(Албанија, Казахстан, Киргистан, Руската Федерација, Таџикистан, Р.Македонија и Узбекистан), кои припаѓаат на четири различни геоклиматски зони, со меѓусебни разлики во однос на очекуваните влијанија по здравјето од климатските промени... Повеќе »

КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН

Toplotni_branovi_flaeri_za_rabotnici_mk.pdf

 

Да го заштитиме здравјето на вработените во услови на топлотен бран!

  • КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ЗАШТИТНИ СРЕДСТВА

    Работната овлека од лесна порозна ткаенина(од природни влакна, светла боја, памук, лен), а при работа на отворен простор - очила и капи. Отстранување на облека која го смалува потењето. Менување на облеката при зналајно потење.

  • ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРВА ПОМОШ НА РАБОТНОТО МЕСТО

    Препознавање на симптоми за топлотно исцрпување или топлотен удар(ицрпеност, слабост, замор, главоболки, несвестица, бледило, вртоглавица, повраќање, вознемиреност, конфузија, колапс, конвузлии, шок) Самопријавување на симптомите, грижа за колегите(будност за појава на симптоми) Оние кои што имаат вакви симптоми не смее да се дозволи да одат дома додека не се стабилизираат(најголемиот број на смртни случаи од топлотен удар се случуваат на пат за дома)

  • ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ

    Ако лицето на кое помагате има топла и сува кожа, грчеви и/или е во бесознание веднаш повикајте 194; Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите;Отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувата и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода; Мерете ја телесната температура. Не давајте терапија; Ако особата е во бесознание поставете ја на страна.

  • Вонредни превентивни прегледи

    Специјалистот по медицина на труд ги изведува вонредните превентивни прегледи за вулнерабилните групи работници: постари работници, работници со прекумерна телесна тежина, бремени жени, хрнични болни(кардиоваскуларни, ендокринолошки, репираторни бубрежни, хепатални, ЦНС, гастроинтестинални и др.). Потребен е индивидуален пристап на препораки и едукација како и консултации со избраниот лекар за аплицираната терапија или потребата од боледување.

Препораки за заштите од топлотни бранови

Општи препораки за заштита од топлотниот бран. Препораки од Министерството за Здравство,Светската здравствена организација,Црвениот крст на Република Македонија.

Повеќе »

КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН

Препораки за матичните лекари

Повеќе »

Препораки за раководители на пензионерски домови, центрите за долготрајна институционална грижа и здравствените установи

Повеќе »